Тенис
14. January 2016 - 13:04

Ѓоковиќ и Серена носители на Австралија Опен

Без потреси пред стартот на првиот Грен Слем, Австралија Опен. Петкратниот шампион  Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс како победник 6-пати досега се први на листата на носители. 

Французинот Ришар Гаске е единствениот играч од ТОП 32 кој ќе го пропушти турнирот поради повреда на грбот. Кај дамите ќе отсуствува Пенета која лани го освои УС Опен. 

Втор носител е Ендиј Мареј, пред Федерер, Вавринка и Надал. Кај жените зад Серена следуваат Халеп, Мугуруза, А.Радванска и Шарапова.