Македонија
27. January 2021 - 20:16

Гинекологот од Струга повикан во Влада, доказите на ДСЗИ предадени во Обвинителството

Владата поднела иницијатива до Обвинителството за случајот со Директорот на струшката болница, гинекологот Мухамед Асани по јавните сведоштва на негови пациенти кои пред камерата на Сител тврдеа дека поради негова лекарска грешка тие и нивните деца имаат трајни последици.

Информацијата попладнево ја потврди вицепремиерот за борба со корупцијата кој порача дека институциите нема да толерираат евентуално незаконско однесување.

Од Обвинителството за Сител велат дека до денеска попладне немаат добиено никаква документација но не се исклучува можноста таа да пристигне до крајот на денот.

За разрешување на Асани од позицијата директор на струшката болница Николовски вели дека ќе се чека извештајот на Лекарската комора. Рече дека директорите како Асани треба да се придржуваат на владиниот кодекс за однесување на функционерите, додавајќи дека тој е повикан на состанок во Владата.

Во меѓувреме Приватни кривични пријави готват семејствата Веаповски и Несимовски од Дебар. Медицинската сестра во Брза Помош, Јлдиз пред камерата на Сител сведочеше за голготата која ја поминала откако отишла да се породи во Струга а по 10 дена во кома, се рабудила без бубрег матка и јајник на клиниките во Скопје. Семејството Несимовски ќе бара кривична одговорност од Асани откако поради наводна лекарска грешка при породувањето, 2 годишната Амила има церебрална парализа.

Асани не сака да го коментира случајот.