Ги закопаа воените секири: Аца Лукас и Соња повторно се заедно
Аца Лукас и Соња Вуксановиќ решиле да ги закопаат воените секири.
Фолкерот и креаторката очигледно решиле да ги надминат несогласувањата, како нивната ќерка би растела во здрава средина, а приморјето е вистинско место за нивно помирување.
-Се случи тоа што се случи и двајцата се свесни дека нема враќање, но решија несогласувањата да ги остават на страна поради ќерката Викторија. Иако после инцидентот кога тој физички ја нападна, немаа никаков контакт, малку по малку почнаа да комуницираат преку телфон, за на крај да се договорат и за заеднички ручеци, вели извор близок до парот.
Соња и Викторија некое време се веќе во Црна Гора, а неодамна им се придружил и Аца Лукас.
-Кога ќе се видат, тие функционираат како ништо да не се случило. Иако Соња на почетокот беше воздржана, а тој видно нервозен, многу брзо се вратија во нормален ток. Делуваа како среќно семејство додека ручаа, а подоцна уживаа во Тиват. Соња и Аца караниците ги оставија на страна, а сето тоа поради ќерката која сака да поминува време со двата родители. Двајцата сфатија дека детето не смее да трпи поради она што се случи меѓу нив, па така дојде и до помирување, додал изворот.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево