Бизарно но вистинито
7. April 2016 - 11:03

Ги снимила лекарите додека ја оперирале - Останала во шок!

Кога ќе се случи нешто со нашето здравје им го препуштаме животот на хирурзите и лекарите, но она што и се случило на оваа жена која морала да се оперира е навистина голем скандал. Американката Ethel Easter морала итно да се оперира, а докторите и рекле да почека два месеца. Откако едвај ги убедила да се оперира порано, со оглед на тоа дека лекарите и рекле Која мислиш дека си ти, што ако те боли имаме и други пациенти, таа ставила и камера за да се сними операцијата.

За време на хируршкиот зафат хирурзите имале непристојни коментари за нејзиното тело. Тие ја исмевале, велеле дека го жалат сопругот и се смееле и на тоа дека најавила тужба ако не ја оперираат.

Американката нема никого да тужи, но сака само јавноста да знае што се случува.