Живот
21. September 2016 - 16:00

Ги бодел половниот кауч: Кога го распарале, не им верувале на своите очи!

Тројца студенти од Њујорк купиле кауч во продавница за поволни работи за само 20 долари.

Го поставиле во станот, а потоа приметиле дека има чудни испакнатини.

Го распарале да видат за што станува збор, а потоа од внатрешната страна извлекле прво еден, па втор и на крај трет коверт.

Ги отвориле и ги затекло изненадување на животот - ковертите биле полни со пари со по 100 и 50 долари, а вкупно имало околу 40.000 долари! Брзо ја заклучиле вратата и во станот се радувале на својата добивка.

Меѓутоа, кога им поминала еуфоријата, помислиле и на сопственикот кој во тој момент сигурно бил очаен.

Затоа со помош на продавницата дошле до сопственикот на каучот - во прашање била баба стара 91 година, а нејзините внуци го продале каучот незнаејќи што се крие внатре. Како што велат овие студенти, во ниту еден момент не биле во дилема. Знаеле дека парите морале да ги вратат на сопственикот. Поради тоа бабата ги наградила, за сега непознат износ.