Г.г. Стефан: Ватикан подава рака кон нашиот народ и држава

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан оцени дека денешната посета на папата Франциск претставува признание и почит кон државата и граѓаните.
– Доаѓањето на неговата светост, пред се, го сметам како признание на Владата на Ватикан и на светата столица ватиканска, признание пред се на Република Македонија и подавање рака во овие времиња на искушение кон Република Македонија, кон македонскиот народ и кон граѓаните на Македонија. И нашата и сета црква ја држи самиот Бог. И ние свештенството и верниот народ можеме да бидеме уште подобри затоа што тоа и се очекува од нас во овие времиња што ги живееме. Искрено се трудиме да направиме што можеме повеќе за угледот и достоинството во овие времиња кога очекуваме и признавање од Цариградската патријаршија односно вселенскиот патријарх и секако прифаќање од останатите православни цркви, изјави архиепископот Стефан за ТВ Тера по вчерашното преосветување на црковниот храм „Свети Спас“ во пелагониското село Добрушево.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
