Македонија
14. May 2016 - 17:52

Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово ќе формираат локална акциска група

Локалните самоуправи, невладиниот и бизнис секторот од општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово ќе формираат локална акциска група во рамки на Југоисточниот плански регион.

Ова го договорија нивни претставници на денешната работилница во Дојран. 

На работилницата беше формулирана и усогласена визијата и мисијата на Микро регионот за кого исто така беа утврдени и дефинирани целите, мерките и приоритетите на Комуникациската стратегија за работа која наскоро треба да биде и документирана.

Локалната акциска група ќе добие име кое, според изнесените предлози, ќе го карактеризира поднебјето на четирите општини кои го сочинуваат Микро регионот, а тоа ќе се случи до крајот на овој месец, период во кој треба да се одржи и основачкото собрание на локалната акциска група.