Гермингер: Пред Македонија се отвораат нови можности за напредок
Се отвораат нови прозорци на можности кои ќе и помогнат на Македонија да се фокусира на имплементација на амбициозната реформската агенда, порача генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гермингер по средбата со премиерот Зоран Заев.
- Сакам на премиерот Заев да му понудам поддршка во натамошниот период во неговите напори за реализирање на сите реформски процеси во државата за натамошен напредок на земјата, изјави Гермингер.
Клучни области на кои треба Македонија да се фокусира како долгорочни цели, според него, се почитувањето на правото, слободата на медиумите, демократското владеење и реформирање на секторот за безбедност.
- Би сакал да им порачам на сите члинители кои активно се вклучени во овој процес, да се посветат на зајакнување на демократските процедури и политики, како и на враќањето на довербата во институциите. Транспарентни медиуми на кои може да им се верува, како и инклузивни институции се клучни во обезбедувањето на просперитетна иднина за државата, но и за корист за сите граѓани, рече генералниот секретар на ОБСЕ.
Додаде дека ги поздравува напорите на премиерот Заев и неговата Влада за успехот во реформските процеси, и за успехот во надминувањето на кризната ситуација во Македонија, но и за напорите за натамошно унапредување на државата.
Премиерот Заев истакна дека ОБСЕ е еден од многубројните пријатели на Македонија кои и помагаат да опстои и да напредува на демократсклиот пат.
- Ние знаеме да ги вреднуваме пријателите на нашата држава и знаеме дека почитувањето на пријателските укажувања придонесуваат да се движиме напред, рече Заев.
Затоа, додаде, во програмата за работа се вградени сите препораки, особено оние за напредокот на земјата од Европската комисија.
Со тие мерки, потенцира македонскиот премиер, ќе се градат демократски институции, независно судство, слободни медиуми, се подобрува социоекономската клима, се овозможува активно учество на граѓанското општество, младите, опозицијата и сите заинтересирани групи низ еден инклузивен процес. Особено внимание, додаде, се посветува на обезбедувањето непристрасен и ефикасен судски систем, градење општество за сите, како и на интензивирање на добрососедските односи.
Стратешки цели на Македонија се ЕУ и НАТО, како и економскиот развој на државата, истакна Заев и додаде дека Владата посветено ќе работи на тој пат, на кој ОБСЕ е голем пријател и поддржувач.
Ново на Сител
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот