Германско разузнавање: Русија ги урива врските меѓу Европа и САД
Германскиот магазин „Шпигел“ во своето денешно издание објави делови од извештај подготвен од германските разузнавачки агенции, според кои, Русија систематски се обидува да ги прекине блиските врски меѓу САД и Европа.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, извештајот, кој е изработен по нарачка на германската Влада, содржи информации за долгогодишно силно руско влијание во земји членки на ЕУ.
Според авторите на извештајот, Кремљ се обидува дополнително да ги разгори социјалните конфликти во западните земји и со тоа да го доведе во прашање партнерството на ЕУ со САД.
Извештајот е напишан од страна на експерти од Федералната разузнавачка агенција (БНД) и Агенцијата за заштита на уставниот поредок (БФВ), кои на барање на Владата во Берлин утврдиле како Русија се обидува да ги раскара ЕУ и САД.
Во декември минатата година претставници на германски институции и разузнавачки служби предупредија дека Германија се соочува со потенцијално руско влијание за време на сојузните парламентарни избори во септември.
Предходно. америаканската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) ја обвини Русија дека спонзорирала хакерски напади врз компјутерскиот систем на Демократскиот национален комитет, со цел да му помогне на новиот орестедател на САД, Доналд Трамп да победи на ноемвриските претседателси избори.
Руски претставници постојано ги отфрлаат обвинувањата за поврзаност со хакерските напади во САД.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс