Свет
21. јуни 2017 - 13:01

Германските социјалдемократи ја блокираат помошта за Грција

Комисијата за буџет во германскиот Парламент ја одложи седницата на која требаше да се даде зелено светло за исплата на наредната транша од помошта за Грција.

На барање на членови на Социјалдемократската партија (СПД), седницата ќе се одржи наредната недела, но е неизвесно дали ќе биде одобрена помошта за Атина, јави дописникот на МИА од Берлин.

Причината е што дел од пратениците на СПД сметаат дека земјата треба да спроведе широка дебата за 8,5-те милијарди евра што ќе и бидат дадени на Грција од ЕУ и ММФ.

Според пратници на СДП, оваа мерка може да им наштети на партиите на власт пред парламентарните избори закажани за септември затоа што голем дел од Германците сметаат дека земјата троши премноу пари на Грција.