Свет
27. October 2017 - 8:36

Германските коалициски преговори запнаа околу миграциската политика

Преговорите за формирање на новата германска Влада се одложени поради различни ставови меѓу потенцијалните коалициски партнери околу миграциските политики, јави ДПА.

Преговорите се водат меѓу Христијанскод демократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел, нејзината баварска сестринска Христијанско социјална  унија (ЦСУ), партијата Зелени и либералната Слободна демократска партија (ФДП).

Од нив, ЦСУ има најтврд став по прашањето на мигрантите и бара ограничување на бројот на странци кои Германија може да ги прими во текот на една година по сите основи.

Напредок е постигнат по прашањето на даночната и финансиската политика, каде четирите партии можат полесно да најдат заеднички ставови.

Но, проблеми има и во разговорите за климатските и енергетските политики, каде Зелените предничат во барањето за натамошни намалувања на штетните гасови и ограничувања на енергетската индустрија.