Фудбал
17. April 2018 - 10:21

Германските фанови не сакаат фудбал во понеделник?!

На дуелот од Бундес лигата помеѓу Мајнц и Фрајбург имаше два контроверзни моменти.
Првиот е кога судијата консултирајќи го ВАР-системот досуди пенал за домашните по завршувањето на првото полувреме па домашните го шутираа во 52 минута од првиот дел за победа од 2-0 а вториот е прекинот во текот на мечот кога фановите фрлаа тоалет хартија на теренот во знак на протест против играњето фудбалски натпревари во понеделнички термини.

Пабло де Бласис во 52. минута од првото полувреме го совлада и донесе водство на Мајнц од 1:0. Мајнц постигна уште еден гол во второто полувреме повторно преку Де Бласис во 72. минута за да ги помине Фрајбург на табелата. Двата тима имаат по 30 поени, но Мајнц е на 16. место (кое носи опстанок), а Фрајбург е 17-ти (пат во втората Бундеслига).