Германскиот Парламент изгласа поригорозен миграциски закон
Германскиот Парламент денеска го изгласа планот на канцеларката Ангела Меркел за заострување на миграцискиот закон, вклучително и мерките за побрзо депортирање на мигранти од балканските земји, јави ДПА.
Законот, што вчера беше изгласан во Бундестагот, се состои од низа мерки за решавање на бегалската криза, меѓу кои и забрзување на процесот за азил и депортација на бегалците, како и проширување на листата на територии кои се означени како безбедни во Косово, Црна Гора и Албанија.
Пакетот опфаќа проширување на листата на територии кои се означени како безбедни, што значи дека нивните жители практично немаат шанса да добијат азил. Во оваа категорија се наоѓаат Србија, Македонија и Босна и Херцеговина.
Целта е забрзување на процедурите за добивање азил и екстрадиција на мигрантите од Југоисточна Европа, со цел вниманието да се насочи кон бегалците од земјите зафатени од војна како Сирија, Ирак и Авганистан.
Со новите мерки исто така се поттикнува изградба на сместувачки центри за бегалци и намалување на социајлната помош за економските мигранти.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара