Свет
23. May 2021 - 13:21

Германскиот Кјурвак очекува европско одобрување на вакцината во јуни

Германскиот Кјурвак очекува европско одобрување на неговата вакцина против Ковид-19 најдоцна во јуни и работи на проширување на производствените капацитети, јави весникот „Аугсбургер Алгемајне“ цитирајќи ја портпаролката на компанијата.

Од почетокот на 2000 година, биотехнолошката компанија се фокусираше на таканаречениот гласник РНК (mRNA), технологија за лекови и вакцини.

Пристапот mRNA е потврден со широка употреба на вакцината против коронавирусот, развиена од пионерите Бионтек и нејзиниот партнер Фајзер, како и Модерна, во Европа и Северна Америка.

„Се надеваме на одобрување во текот на вториот квартал, ја цитира весникот изјавата на портпаролката.

– Работиме на понатамошно проширување на производствениот капацитет со растечката мрежа на партнери, додаде таа.