Свет
4. јуни 2022 - 8:47

Германскиот Бундестаг го одобри владиниот план вреден 100 милијарди евра за модернизација на армијата

Германскиот Бундестаг го одобри владиниот план вреден 100 милијарди евра за модернизација на армијата.

Одобрувањето дојде во форма на одговор објавен од канцеларот Олаф Шолц во врска со рускиот напад врз Украина.

За формирање на специјалниот воен фонд гласаа 567 пратеници, а доволни беа 491 глас. Против гласаа 96 пратеници, а 20 беа воздржани, пренесоа германските медиуми.

Пратениците во попладневните часови во текот на вчерашниот ден го изгласаа предлог законот. За предложениот закон гласаа 593 пратеници, 80 беа против, а седум беа воздржани.

За да се усвои посебен фонд, потребно е гласањето да помине и во Горниот дом на Парламентот, а за усвојување е потребно двотретинско мнозинство.