Германски вирусoлог повикува на нова стратегија во борбата против Ковид-19
Глобалната стратегија за борба против коронавирусот треба да се ревидира, вели професорот Хендрик Стрек, германски вирусолог и раководител на Институтот за вирусологија и истражување на ХИВ при Универзитетот во Бон, во интервју за Велт ам Зонтаг.
Според него, бројот на заразени лица во светот не треба да го вклучува бројот на луѓе кои имале позитивен тест, но се асимптоматски.
– Не треба да се ограничуваме на сувата бројка во статистиката на случаи, рече вирусологот.
Според него, и покрај зголемувањето на инциденцата на Ковид-19 во Германија и други европски земји, тешко дека може да се зборува за зголемување на смртноста. Професорот истакна дека животот не може да запре поради инфекцијата, и досега никој – ниту еден политичар, вируолог или епидемиолог – не го знае „вистинскиот начин за борба против пандемијата“.
Според Стрек, асимптоматските заразени лица не се нужно болни, напротив: Колку повеќе луѓе се заразуваат без симптоми, толку повеќе – барем за кратко време – тие добиваат имунитет, заклучи професорот од Бон.
Според последните податоци на СЗО, повеќе од 28,3 милиони луѓе се заразени во светот, а повеќе од 911 илјади починале.
Ново на Сител
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро