Свет
27. November 2019 - 23:31

Германската војска се извини за фотографијата на нацистичка униформа

Германското Министерство за одбрана се извини поради објавената фотографија од униформа од нацистичката ера со медал со кукаст крст.

Фотографијата беше објавена на Инстаграм за текст за мода, со назив „Ретро“.

Портпаролот на војската, Кристијан Тилс, рекол дека објавата брзо била отстранета од Инстаграм и дека станува збор за неприфатлива грешка и дека Министерството длабоко се извинува.

Тилс рекол дека униформата на фотографијата всушност е костим кој актерот Том Круз го носел во филмот „Valkyrie“, а потоа бил изложен во Историскиот воен музеј во Дрезден.

Фотографијата е објавена како илустрација на текст за влијанието на униформите во модата.

Портпаролот рекол дека објавувањето на фотографијата е исклучително иритирачки случај на непромисленост, а не неонацистичка порака и ветил дека ќе има последици за одговорните.

Германската војска од неодамна е активна на социјалните мрежи за да го привлече интересот и да стане поблиска до јавноста.