Германската полиција заплени 60 милиони долари во биткоини, но не ја знае лозинката
Германските обвинители од измамник конфискувале биткоини во вредност од повеќе од 50 милиони евра (60 милиони долари), но проблемот е во тоа што тие не можат да ги отклучат парите затоа што тој одбива да им ја даде лозинката.
Човекот беше осуден на затворска казна и оттогаш ја издржа, одржувајќи го својот молк во текот на целиот период, додека полицијата прави постојани неуспешни обиди да го пробие кодот за пристап до повеќе од 1.700 биткоини, изјави денеска обвинител во баварскиот град Кемптен.
– Го прашавме, но не сака да ја каже, изјави за Ројтерс обвинителот Себастијан Мурер, пренесува Јаху фајненс. – Можеби не ја ни знае, дополни Мурер.
Биткоинот се чува на софтвер познат како дигитален паричник кој е обезбеден преку криптирање. Лозинката се користи како клуч за декрипција за да го отворите паричникот и да пристапите до биткоинот. Кога лозинката е изгубена, корисникот не може да го отвори паричникот.
Измамникот е осуден на повеќе од две години затвор за прикриено инсталирање на софтвер на други компјутери за да ја искористи нивната моќ да „рудари“ или да произведува биткоини.
Кога отиде зад решетки, неговата залиха биткоини имаше само дел од сегашната вредност. Цената на биткоинот се зголеми во текот на изминатата година, достигнувајќи рекордно високо ниво од 42.000 долари во јануари. Денеска се тргуваше по 37.577 долари, според веб-страницата за криптовалути и блокчејн „Коиндеск“.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари