Свет
22. March 2020 - 18:37

Германија воведува забрана за контакти место забрана за движење

Германските покраински премиери за да го сузбијат  ширењето на коронавирусот се договорија за воведување „забрана на контакти“ место забрана за движење, јави Дојче Веле.

Германскиот медиумски сервис наведува дека Германија ќе забрани состанување на повеќе од две лица, со исклучок на семејството или лицата кои живеат заедно.

Медиумот додава дека до оваа мерка се дојде откако премиерот на Баварија, Маркус Зедер, без консултации со функционерите на останатите 15 сојузни покраини, воведе забрана за движење на граѓаните.