Свет
17. February 2021 - 13:56

Германија следната недела ќе добие уште 10 милиони вакцини

Германија очекува да добие 10 милиони дози вакцини против Ковид-19 до крајот на следната недела, и со тоа значително ќе се зголеми бројот на вакцинирани лица, најави денеска министерот за здравство, Јенс Шпан.

Тој додаде дека не треба да се врза со укинување на дел од рестриктивните мерките, иако бројот на новозаболени почна да се намалува, но бројот на заразени во Германија со британскиот вид е 22 проценти.

Вакцинацијата е на доброволна основа, но Шпан побара од граѓаните да ја примат вакцината.

– Ако чекате, ризикувате да заболите од сериозна болест, истакна Шпан.