Свет
24. јуни 2018 - 12:39

Германија: При експлозија во зграда повредени 25 луѓе

 При експлозија во зграда во германскиот град Вупертал ранети се 25 лица, од кои четворица се здобиле со тешки повреди, соопшти денеска полицијата.

Инцидентот се случи синоќа пред полноќ, а истрагата за причината за експлозијата е во тек.

Пожарникарите и денеска го гаснат огнот.