Свет
30. March 2021 - 21:37

Германија од утре ја ограничува употребата на вакцината на „АстраЗенека“ само на лица над 60 години

Вакцината против Ковид-19 на компанијата „АстраЗенека“ од утре ќе треба да се дава само на лица над 60 години, одлучија денеска германските сојузни и државни министри за здравство, јави ДПА.

Луѓето под 60 години треба да можат да ја примат вакцината, но само „по одлука на лекарите и по индивидуална анализа на ризик и детално објаснување“, се наведува во одлуката на министрите за здравство, пренесена од ДПА.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан и министрите за здравство на 16-те покраини одлуката ја донесоа на попладневниот итен состанок, откако здравствените власти во Берлин и Минхен одлучија да ја прекинат употребата на вакцината „АстраЗенека“ за лицата помлади од 60 години.