Германија ќе ја удвои воената помош за Украина на осум милијарди евра
Владејачката коалиција во Германија одлучи да ја удвои воената помош на земјата за Украина за следната 2024 година, со што ќе достигне осум милијарди евра, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.
Доколку оваа сума биде одобрена од парламентот, во кој владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц има мнозинство, тогаш трошоците за одбрана на Германија би ги надминале два отсто од бруто домашниот производ (БДП), како што бара НАТО.
Пратениците на Социјалдемократската партија на Германија на канцеларот Шолц, Слободната демократска партија и Зелените постигнаа договор оваа недела за предложениот федерален буџет за 2024 година, објави Блумберг. Засега нема коментар на темата од Министерството за одбрана на Германија на чело со Борис Писториус.
Ново на Сител
-
Службите кубурат со опрема и кадар
-
Општините немаат доволен број комунални инспектори, а слаба е и казнената политика
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола