Свет
24. May 2017 - 16:30

Германија ќе ја разгледа ситуацијата со базата Инџирлик на средбата на НАТО

Германија планира на средбата на врвот на НАТО да се осврне на прашањето за користење на воздухопловната база Инџирлик и одбивањето на турските власти да им обезбедат пристап до неа на германски пратеници, изјави денеска германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел.

- Тоа е сериозна ситуација и не дозволува да се развие дијалог меѓу Турција и Германија. Сметам дека можеме да го разгледаме тоа прашање на утрешната средба на врвот на НАТО, истакна Габриел на прес-конференција во Пекинг по средбата со кинескиот министер за надворешни работи Ван И.

Турските власти не им дозволија на пратеници од Бундестагот пристап во базата Инџирлик, каде има германски контингент. Како одговор на ваквиот потег, Берлин соопшти дека може да ги премести своите војници, кои учествуваат во операцијата против ИД, надвор од Турција, најверојатно во Јордан.