Loading Video...
Свет
27. September 2021 - 16:45

Германија ќе добие нова Влада - преговараат Социјалдемократите и Зелените

Тесна победа на социјалдемократите на изборите во Германија, со само еден процент пред  Демохристијаните, но сосем  доволно самодовербата во партија да се крене до плафон. Лидерот на победничката СПД  Олаф Шолц веке ги прогласи ЦДУ за опозиција и ги испрати во заслужена пензија заедно со нивната долгогодшина шефица Ангела Меркел, најавувајки коалиција со Зелените и Слободните демократи.

СПД на изборите освои 25,7 проценти или 210 места  во парламентот, а конзервативната ЦДУ 24, 1 односно 198  пратеници. И покрај ваквата мртва трка, за демохристијаните ова е истриски најлошиот изборен резултат. Експертите коментираат дека со завршувањето на 16 годишната ера на Меркел заврши и доминацијата на ЦДУ на политичката сцена во Германија, но и во самата  партијата  не го кријат разочарувањето.

Трети по резултат се  Зелените, кои својата агенда за климатски промени одлично ја продадоа во Берлин и освоија 14, 5 проценти од гласовите добивајки 112 пратенички места,  и бизнис ориентираната партија на Слободните демократи за која  гласаа  11, 5 насто од гласачкото тело со што се стекнаа со 95 пратеници.  Само со нивна помош ЦДУ И ДПС ке можат да формираат влада. Зелените веке се изјаснија дека нивниот избор  би биле социјалдемократите,  што сепак не ги  обесхрабрува  демохристијаните кои велат дека до крај ке се борат за власт.  Ваквите преговори би можеле да трајат со месеци, но прогнозите се дека  до крајот на годинава Германија ке има нова Влада. Иако сите математики се во опција, нидна од двете големи партии не сака да се повтори нивната  голема  коалиција  која  владееше со Германија цели 12 години, на чело со Ангела Меркел како канцелар.  И СДП и ЦДУ велат дека им е доста од соработката и  дека сакаат нов почеток .