Германија, Италија и Шпанија го кренаа степенот на безбедност
Дел од државите што се граничат со Франција веќе ги засилија мерките за безбедност на граничните премини, на аеродромите, патиштата и железничките премини, и почнаа соработка со француските разузнавачки служби за да го спречат евентуалното ширење на нападите и помогнат во истрагата околу нападот во Ница, јави Танјуг.
- По вчерашниот напад во Ница Италија ги засили контролите на три крстосници на патиштата што ги спојува со Франција, и на железничката пруга која ги поврзува двете земји, изјави денеска италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано.
„Нашиот безбедносен систем е активиран“, објави италијанскиот министер на еден ден по нападот во Ница, град што се наоѓа на само 35 километри од италијанската граница.
Германија ги засили граничните котроли на аеродромите, како и патните и железничките гранични премини по нападот во Франција, се наведува во соопштението на германската федерална полиција.
„Во соработка со претставници на француските безбедносни сили, федералната полиција на Германија воведе засилени мерки во областите на прекуграничдн сообраќај со Франција“, се наведува во соопштението на полицијата.
-Шпанија воведе мерки на зголемена контрола на граничните премини со Франција , изјави вршителот на должноста министер за внатрешни работи Хорхе Фернандез Дијас.
Шпанскиот министер додаде дека во соработка со француските служби се собрани доволно докази за да може да се заклучи дека вчерашниот напад најверојатно е „дело на тероризам на исламските екстремисти“ пренесоа британските медиуми.
-Овој брутален напад, иако тоа се уште не можеме со сигурност да го потврдиме, најверојатно е дело на џихадиистичкиот тероризам ,рече министерот и додаде дека информациите на разузнавачките служби на Шпанија и Франција се поклопуваат.
Ново на Сител
-
ЕУ апелира на воздржување од провокативна реторика и активности по вчерашната пресуда за Додик
-
УХМР: Наместа повремено поројни врнежи утре и викендов
-
Мицкоски : Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме
-
Кочински: Се очекува постепено намалување на активноста на вирусот на грип
-
Осум лица се уапсени по пронаоѓањето 31 дете во Брчко, во истрагата вклучен Европол
-
Мицкоски: Повикувам што повеќе Албанци во јавната администрација, но не се јавуваат за плата од 25.000 денари
-
Песков: Русија нема намера да ги врати окупираните територии на Украина
-
Град Скопје: Трајановски не може да даде оставка бидејќи е разрешен пред три месеци