Свет
21. January 2023 - 8:39

Германија испраќа воена помош за Украина во вредност од 1,08 милијарди долари

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус објави вчера на маргините на состанокот во американската воена база Рамштајн пакет воена помош за Украина во вредност од 1,08 милијарди долари, соопшти портпаролот на германското Министерство за одбрана.

Портпаролот на германското министерство не објасни што ќе вклучува пакетот помош.

Во меѓувреме, холандски медиуми јавија дека Холандија ќе и испрати на Украина две лансирни рампи за противвоздушни системи и ракети Патриот.