Loading Video...
Свет
29. October 2020 - 16:47

Германија и Франција со строги мерки против ширењето на вирусот

Ситуацијата со ковид вирусот е алармантна  во Европа. Расте бројот на новозаразени и починати. Влошената епидемиолошка состојба и координација на антиковид мерките се темите на кои вечерва лидерите на 27 земји члнеки на ЕУ ќе дебатираат на видео конференција. Првиот човек на Европскиот совет истакна дека ЕУ мора да биде поефикасна кога станува збор за брзите тестови како што се тестовите на плунка, следењето  на контактите и вакцините.

Рекордните бројки на новозаразени на стариот континент носат и нови построги  мерки. 

-Треба  да дејствуваме сега, порача германската канцеларка.

Двете најголеми економии во Европа, во ист ден ги објавија своите  мерки за карантин. Во  Франција стартуваат од утре, а во Германија од понеделинк. Во Германија, баровите, рестораните, театрите, концертни и спортски сали ќе бидат  затворени. Училиштатата и градинките ќе останат отворени, како и продавниците, но под строги ограничувања. Собирите на јавни места ќе бидат ограничени на 10 лица од две семејства. Ковид статистиката на новозаразени на дневна основа во Германија надмина 15 000. Во Франција пак граѓаните ќе мора да пополнат формулар за да го оправдаат излегувањето од дома кое е дозволено само за работа, за посета на лекар, да се помогне  на роднина и неодложен шопинг. Фабриките ќе  работат, како и некои јавни услуги, додека баровите, рестораните и несуштинските бизниси ќе морааат да затворат.  Основните и средните училишта ќе останат отворени додека социјалните собири се забранети. 

Многу европски држави изминатите денови ги засилија мерките за борба против ковид.  

Од регионот вчера најмногу заразени имаше во Бугарија и Хрватска каде беа регистрирани над 2000 заразени. Моментално во светот се заболени околу 45 милиони луѓе, а починале 1.179.000.