Свет
6. November 2015 - 20:50

Германија ги предупреди Албанците да престанат да бараат азил

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер ги повика Албанците да престанат да доаѓаат во неговата земја и да бараат азил, бидејќи нивните барања се признати за неосновани и ќе бидат отфрлени, пренесува БТА.

Министерот изрази „голема загриженост“ од фактот дека околу 50.000 Албанци побарале азил во Германија оваа година и според бројот на барања се на самиот врв, веднаш зад сириските бегалци.

При својата денешна посета на Албанија Де Мезиер изјави дека Албанците заминуваат во Германија да бараат работа и да го подобрат својот животен стандард. Тој истакна дека нивните барања за азил сега ќе бидат одбиени побрзо од претходно, во рок од три недели, откако Албанија е ставена на списокот на безбедни земји.

- Нема причина Албанците да бараат азил. Нивната земја е демократска", рече германскиот министер.