Loading Video...
Свет
1. December 2020 - 16:31

Германија: Џип влетал меѓу пешаци, двајца мртви

Најмалку две лица смртно настрадаа, а неколку се повредени кога џип со голема брзина поминал низ пешачка зона во германскиот град Трир. Меѓу повредените има и деца. Полицијата го уапсила возачот и го запленила возилото. Не е познат мотивот за инцидентот.

Американската фармацевтска компанија Фајзер поднесе барање до Европската агенција за лекови за одобрение за итна употреба на нејзнината вакцина против ковид 19. Фајзер се надева вакцината да добие зелено светло од регулаторот и да го пушти лекот во употреба на европскиот пазар до крајот на годинава. Претходно Фајзер поднесе барање во САД.

Турција со нови построги антиковид мерки по регистрираните рекордни бројки на новозаразени и починати. На граѓаните нема да им биде дозволено да го напуштат домот помеѓу 21 часот и 5 часот наутро преку неделата и воопшто за време на викендите, изјави претседателот Ердоган. Јавните прослави за Нова Година се откажани. Нови ограничувања најавија и други земји на европскиот континент. Од друга страна Франција, Ирска, Финска, Велика Британија почнаа  да прават планови за олабавување на мерките за време на претстојните празници.