Германец загинал обивајќи автомат за кондоми
Еден 29-годишен Германец загинал при обидот да ограби автомат за кондоми, соопшти германската полиција.
Инцидентот се случил на Божик во градот Шопинген, на крајниот запад од Германија.
Загинатиот, чиј идентитет не е обелоденет и двајца негови пријатели, направиле експлозивна направа, а потоа ја поставиле на еден автомат за кондоми, сместен во малку прометна улица.
Пред да се активира „бомбата“ тие побрзале да се засолнат зад нивниот автомобил, но жртвата задоцнила со криењето и парче од металот од разнесениот автомат го погодило директно во главата.
Тешко повредениот крадец, неговите пријатели веднаш го префрлиле во најблиската болница, но тој набргу починал.
На лекарите тие им рекле дека нивниот пријател паднал по скали, но подоцна и признеле на полицијата што навистина се случило.
Двајцата соучесници во обидот да се обие автоматот за кондоми се уапсени, но веднаш потоа се пуштени со кауција.
Полицијата соопшти дека не утврдила дали целта на „бомбашкиот напад“ биле кондоми или парите во автоматот, но при проверката е утврдено дека не бил земен ниту еден кондом, а и сите пари биле на број.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација