Свет
2. November 2017 - 13:09

Гавин Вилијамсон е новиот министер за одбрана на Велика Британија

Британската премиерка Тереза Меј денеска го именува Гавин Вилијамсон за нов министер за одбрана.

- Кралицата со задоволство го одобри именувањето на Гавин Вилијамсон, изјави портпаролот на британската премиерка.

Вилијамсон додаѓа на местото на Мајкл Фалон, кој вчера поднесе оставка откако се појавија обвиненија за неговото непримерно сексуално однесување.

Фалон во писмото упатено до Меј објаснува дека оставката ја поднесува бидејќи неговото претходно однесување не било во согласност со високите стандарди на функцијата министер за одбрана.

Фалон на почетокот на неделата се извини пради инцидентот од 2002 година, кога стави рака на коленото на една политичка новинарка, но не бил испитуван поради тој инцидент.