-->
-->
Гасперини: Оваа сезона Аталанта има потешка група во Лигата на шампионите
-->
– Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини ги сподели своите очекувања за групната фаза во Лигата на шампионите пред почетокот на сезоната 2021/22.
Италијанскиот тим вечер од 21 часот ќе гостува во Шпанија кај Виљареал.
– Знаеме колку е силен Виљареал, особено на домашен терен. Ќе биде важен натпревар за оваа Лига на шампиони. Ние мора да бидеме подготвени. Играме со многу квалитетни тимови, но во Лигата на шампионите се секогаш најдобрите. Ја делиме истата желба за напредок. Имаме многу тешка група, потешка од претходните години. Ќе направиме се што е во наша моќ, истакна Гасперини за „Фудбал Италија“.
Аталанта во групата Ф ќе се соочи со Виљареал, Манчестер јунајтед и Јанг Бојс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона