Loading Video...
Спорт плус
29. December 2020 - 19:16

Гајгер победник на првата станицa oд турнејата „Четири новогодишни скокалници“

Со натпреварите во Оберздорф денеска започна 69-то издание на традиционалната турнеја „Четири новогодишни скокалници“
 
На задоволство на организаторите Германците, победник на првата од четирите скокалници е Карл Гајгер кој собра најмногу бодови од судиите за скоковите од 127 во првата и 136,5 местри во втората серија. 
 
Заднего се пласира Полјакот, Камил Штохл со скоковите од 125 и 136 метри, додека на третото и четвртото место завршија Норвежаните, Линдвик и Гранеруд. 
 
Најдолгиот скок од 142 метри го имаше Германецот, Ајсенбихер, но тој на крајот заврши како петто рангиран. 
 
Следната  станица е Гармиш Партенкирхен каде традиционално на првиот ден во Новата година е вториот натпревар од оваа турнеја, по што на 3-ти и 6-ти јануари ќе следуваат натпреварите во австриските центри Инсбрук и Бишофшофен .