Свет
28. August 2016 - 17:16

Габриел: Пропадна договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и САД

Преговорите за Договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и САД и официјално не успеаја, соопшти германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел.

- Разговорите меѓу ЕУ и САД за Трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции (ТТИП) во суштина пропаднаа, изјави Габриел.

- Според мое мислење, преговорите со САД де факто не успеаја, иако тоа се уште никој не сака да го признае, истакна тој, оценувајќи дека тоа се случило затоашто Европејците не сакале да ги прифатат американските барања.

Габриел потсети дека за време на 14-те рунди преговори, двете страни не се согласиле ниту за едно од разгледуваните 27 поглавја, пренесува Б92.

Германскиот вицеканцелар, споредувајќи го овој со договорот меѓу ЕУ и САД, рече дека договорот со Канада е многу повеќе фер за сите засегнати страни.

ТТИП е смислен како инвестициски договор за 21. век, фокусиран на усогласување прописи и стандарди, намалување на бариери на планот на инвестициите, овозможување пристап до владини договори, но и на заштита на правата на потрошувачите.