Свет
25. January 2017 - 17:21

Габриел очекува да продолжи растот на германската економија

Германскиот министер за економија и иден министер за надворешни работи Зигмар Габриел, денеска објави дека очекува растот на најголемата европска економија да продолжи и во текот на оваа година.

Како што јавуваат германските медиуми, и покрај тоа што растот се очекува да биде помал од лани, Габриел е уверен дека несигурноста на пазарите поради Брегзит и нејасната американската политика по изборот на Доналд Трамп нема значително да влијаат на економските перформанси на Германија.

Габриел, кој е лидер на втората најголема партија во земјата СПД, од германските компании бара да ги искористат сите шанси за бизнис и трговски можности во Кина и Азија и да ја држат економијата отворена кон светот затоа што тоа е единствен начин да се создаваат нови работни места и да се одржува растот, пренесува дописникот на МИА од Берлин.