Македонија
10. February 2016 - 17:10

ФЗО промовираше нови електронски услуги во интерес на осигурениците

Наместо со хартија на шалтер, барањата за рефундација за болничко лекување, лекови на рецепт и вграден и потрошен материјал ќе биде по електронски пат. Фондот со нови услуги кои ќе бидат во интерес на граѓаните. Надлежните велат дека на овој начин ќе се намали метежот во подрачните служби а осигурениците постојано ќе бидат во тек до каде е нивната постапка.

- Првата електронска услуга се однесува на рефундација на средства за извршено болничко лекување кога осигуреникот немал здравствено осигурување од различни причини. Во овие случаи кога на осигуреникот од различни причини не му е е платен здравствениот придонес повеќе од 60 дена, здравствената услуга треба да ја плаќа во целост, а потоа откога ќе се подмири здравствениот придонес осигуреникот поднесува барање за рефундација. Правото на рефундација не застарува 5 години, изјави Сашо Стефаноски, директор на ФЗОМ.

Минатата година имало над 13 000 барања за рефундација на средства за лекови како и околу 1000 предмети за кои граѓани од свој џеб платиле за вграден материјал. Сите тие со куп хартија чекале ред во подрачните служби. Со новите електронски услуги што ги промовираше Фондот, оваа слика ќе биде минато.