Спорт плус
20. February 2018 - 15:09

Фуркад со француската штафета стигна до третото злато во Пјонгчанг

 

Французинот, Мартин Фуркад го освои и третиот златен медал на Олимпијадата во Пјонгчанг. 
 
Фуркаде беше последната четврта измена во комбинираната штафета на  Франција која победи во биатлонската трката на мешани штафети. 
 
Триколорите остварија резултат (1:08:34.3 час), за 20.секунди и 9.стотинки подобар од фаворизираните Норвежани кои беа шампиони пред четири години во Сочи. 
 
Со заостанување од 26,9 секунди зад новите шампиони на третото место заврши штафетата на Италијанците. 
 
За Фуркада тоа е вкупно петто злато од Олимпијадите на кои има и два сребрени медали.