Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ
Поранешната пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, денеска ја достави својата кандидатура за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Пред седиштето на СДСМ, во изјава за медиумите таа наведе дека согласно правилникот и одлуките на Централниот одбор на СДСМ денеска ги предала сите документи за самокандидарање за претседателка на партијата.
– Очекувам откако ќе бидат утврдени кандидатите за таа функција дека ќе почнат активностите за промоција и претставување на кандидатите за претседател на СДСМ, изјави поранешната потпретседателка на СДСМ Фросина Ременски.
Образложувајќи ја ова кандидатура таа истакна дека цел и мотив за нејзината самокандидатутра за претседател на партија се досегашните општествено – политички и партиски активности кои ги имала во време кога СДСМ носела тешки одлуки.
Воедно, Ременски посочи дека денешниот ден има и симболика во нејзината кандидатура, бидејќи ја поднесува во време на 16-дневниот женски активизам против насилството врз жените.
– Сакам и преку кандидатурата да бидам пример и да ги охрабрам сите жени кои се или не се на фунција да не се откажуваат од своите соништа и натаму да се борат без оглед на сè и ги охрабрувам социјалдемократките да ја поддржат мојата кандитура, изјави Ременски.
Коментирајќи ја кандидатурата на заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски за лидерската позиција во СДСМ, таа рече дека е разбирливо Ковачевски како член на Владата да ја има поддршката, но не мисли дека оваа борба би била на спротивставени идеи, туку борба на умови.
– Секој кандидат кој влегува во натпревар за претседател на партијата се надева на победа. Сметам дека ќе добијам поддршка и дека ќе постигнам солиден резултат, изјави Ременски и додаде дека нејзината визија за СДСМ во следните пет години е победник во сите процеси пред кои што е исправен.
Ново на Сител
-
Вардар, Шкендија, Струга и Брера се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија
-
55-годишен маж паднал од објект во изградба и подоцна починал
-
Кривична за две лица од Кичево за „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“
-
ЈП „Водовод“ Куманово пријави вработена за проневера на пари
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица
-
Филипче: Владата да каже за што се потрошени парите од унгарскиот кредит