Свет
15. March 2016 - 18:27

Фронтот Ал Нусра најави офанзива во Сирија

Џихадистите од Фронтот ал Нусра, сириски огранок на Ал Каеда во следните 48 часа ќе почне офанзива во Сирија, откаде Русија, сојузник на режимот, ја повлече армијата, изјави командант на Фронтот Ал Нусра.

- Јасно е дека Русија претрпе пораз и во рок од 48 часа Фронтот Ал Нусра ќе почне офанзива во Сирија, изјави неименуваниот командант на огранокот на Ал Каеда во Сирија.

Како резултат на руските воздушни напади во Сирија, што почнаа на 30 септември минатата година, Ал Каеда изгуби контрола на низа реони во западната провинција Латакија и голем дел во северната провинција Алепо.

Командантот на Фронт Ал Нусра посочи дека ако не беа руските воздушни напади тие ќе го заземеа градот Латакија.