Свет
12. April 2017 - 21:04

Фронтекс: Минатиот месец зголемен бројот на нови мигранти во Италија

Околу 10.800 мигранти минатиот месец пристигнаа во Италија преку Средоземно Море, што е речиси за една петтина повеќе во однос на февруари, со што вкупниот број на мигранти кои влегле во Италија оваа година е зголемен на над 24.000, соопшти денеска Агенцијата на ЕУ за конторла на надворешните граници - Фронтекс.

Фронтекс соопшти дека бројот на мигранти кои годинава пристигнале во Италија е за околу една третина поголем отколку во истиот период во 2016 година.

Меѓутоа, имајќи предвид дека мигрантската рута која води од турскиот брег до Грција е затворена, вкупниот број на новоприситгнати мигранти во Унијата во првиот квартал од оваа година е намален за околу две третини во однос на истиот период лани и изнесува околу 32.650.