Живот
12. February 2019 - 22:25

Фрлиле новороденче во канализација и го оставиле: Погледнете ги драматичните снимки од спасувањето кое траеше 3 часа

Спасувачите во јужноафриканскиот гад Дурбан успеаја да спасат новороденче од канализација по три часа акција.

Минувачи слушнале детски плач и ги контактирале надлежните служби. За да допрат до бебето, спасувачите го ископале подрачјето околу одводниот канал.

Болничарите веднаш го прегледале новороденчето и го однеле во болница.

Лекарите велат дека бебето доживеало блага хипотермија, губење на телесната тежина, а на себе имала неколку модрици и исеченици.

Полицијата покрена истрага за тоа кој би можел девојчето да го фрли во канализација и кои му се родителите.