Loading Video...
Ракомет
17. December 2017 - 19:48

Французинките ја освоија светската шампионска титула

Ракометарките на Франција станаа нови светски шампионки, откако во финалето на 23-тото Светското првенство во Германија, го совладаа актуелниот европски и досегашен светски првак Норвешка со 23-21 полувреме 11-10.
 
Финалниот меч донесе борбен и докрај неизвесен меч во кој двете репрезентации имаа свој период на игра. Сепак француските репрезентативки го најдоа вистинскиот начин како да ги скротат Норвежанките па  „Триколорките„ заслужено се радуваа на победата со конечни 23-21.
 
За Франција ова е второ злато на Светските првенства откако беа најдобри на Мундијалот во Хрватска во 2003-година.
 
Во дуелот за бронза Холандија ја совлада Шведска со 24:21. 
 
Следното Светско првенство е по две години во Јапонија.