Свет
20. April 2016 - 8:46

Француските сили ќе реагираат во рок од 20 минути на евентуален терористички напад

Француската полицајци и безбедносните сили за борба против тероризмот ќе реагираат најдоцна во рок од 20 минути на секој иден терористички напади, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев.

Ѕој нагалси дека безбедносните сили преземаат нови принципи на дејствување врз основа на искуството од исламистичките напади во Париз во ноември.

Зголемена е бројноста на силите за безбедност, а на специјалните единици ќе им се дозволи во случај на терористички напади да не мора да ги почитуваат традиционалните поделби на надлежностите меѓу војската и полицијата, што може да ги забави или да ги попречи вооружените дејствија против терористите. Со измените се гарантира реакција во рок од 20 минути на нападот врз населени места на целата територија на Франција.

- Во криза граѓаните очекуваат беспрекорна усогласеност во дејствувањето на нашите сили. Не е време за натпревар меѓу нив, туку за единство, обединување на ресурсите и соработка во интерес на сите, рече министерот за внатрешни работи на Франција. 

По крвавиот напад на 13 ноември врз концертната сала Батаклан во Париз, во кој загинаа 90 лица, се појави прашањето зошто наредбата за интервенција на полицијата била издадена два часа и 40 минути, откако терористите отвориле оган.