Loading Video...
Фудбал
4. August 2018 - 18:10

Францускиот суперкуп за шампионот

Фудбалерите на Пари Сен Жермен најавуваат доминација и во следната сезона во францускиот фудбал откако убедливо славеа во националниот Суперкуп против големиот ривал Монако.

            Светците одиграа добар натпревар  во кинескиот град Шенжен и предводени од извонредниот Ди Марија  забележаа убедлива победа од 4-0.

            По неколкуте шанси на обете страни блесна токму Аргентинецот и од слободен удар во 33м  донесе водство за актуелниот шампион.

            На спротивната страна победникот на купот имаше неколку изгледни прилик и кога не ги искористи Нкунку зголемува на 2-0.

                Синот на славниот Жорж Веа , Тимоти во 67м  носи уште поубедливо водство за  Пари Сен Жермен од 3-0 а конечните 4-0 по еден брз противнапад ги заокружи Ди Марија.

                Победникот на оваа средба настапи без Мбапе додека на задоволство на публиката Бразилецот Нејмар ги одигра последните 15 минути од средбата.