Свет
14. January 2020 - 20:29

Францускиот режисер Руџа обвинет за сексуално злоставување на малолетничка

Францускиот режисер Кристоф Руџа денеска е сослушан под обвинение дека сексуално ја злоупотребувал актерката Адел Хенел, кога била на возраст од 12 до 15 години.

Руџа во моментот е во притвор врз основа на минатогодишните обвинувања од Хенел.

Тој ги негира обвинението за сексуално вознемирување и злоупотреба на малолетничка од позиција на моќ.

Хенел тврди дека повеќе пати била несоодветно допрена од режисерот за време и по завршувањето на филмот „Ѓаволи“ (Les Diables). Актерката истакна дека дека не верува во францускиот правен систем и поради тоа не поднела тужба против Руџа.