Бизнис
18. January 2016 - 20:24

Францускиот претседател Оланд прогласи вонредна економска состојба

Францускиот престедател Франсоа Оланд прогласи вонредна економската состојба на земјата. На годишното обраќање пред бизнис елитата изјави дека  е време да се редифинира економскиот и социјален модел. За да го поттикне растот на Франција предлага низа  економски мерки, за што се издвоени  2 милијарди евра . Треба да  го стимулираат стопанството да креира нови работни места.

– Сметам дека наспроти безредието во светот, наспроти несигурната економска коњуктура и големата невработеност, има потреба да се прогласи вонредна економска и социјална ситуација, изјави Оланд пред Економскиот и социјалниот совет на Франција.
 

Мерките опфаќаат обука на половина милион невработени, кои треба да стекнат одредени вештини кои се бараат на пазарот за побрзо да најдат работа, помош за компаниите кои вработуваат млади работнци и тоа – за фирмите со  помалку од 250 вработени предвидена е помош од 2.000 евра за секое вработување со договор за неодредено време или договор на одредено време, подолг од 6 месеци. Лицата кои ќе бидат вработени треба да земаат плата поголема од  1/3 од минималната плата. Парите за оваа мерка се предвидени од давачките на работодавачите и се очекува да трае  две години. Оланд исто така најави намалување на социјалните давачки за претпријатијата

Франција ќе издвои и 1 милијарда евра за обука на 500 илјади невработени. Оланд најави реформа  на судовите  каде се водат споровите меѓу работодавачите и вработените. Ќе се воведе  праг за оштетата при отпуштањето од работа. Ќе биде утврден и начинот за организирање на работното време.

Францускиот  модел е пријателски  насочен кон работната сила. Ако во Европа работна недела е минимум 40 часа, во Франција е 35. Со новите мерки на Оланд ваквата привилегија ќе биде продолжена.