Свет
19. May 2016 - 17:08

Францускиот парламент го одобри третото продолжување на вонредна состојба

Долниот дом на францускиот Парламент го одобри третото продолжување на вонредна состојба, воведено по нападите во Париз кои се случија на 13 ноември, јавува БТА. 

Одлуката е донесена со 46 гласа „за“, 20 „против“ и два воздржани. 

Министерот за внатрешни работи Бернар Казнев изјави на почетокот на расправата дека мерката се наложува поради „контекстот без преседан на терористички закани“. 

Одлуката е донесена заради гарантирање за безбедноста на два важни спортски настани - Европското привенство во фудбал од 10 јуни до 10 јули и велосипедската турнеја Тур де Франс од 2 до 24 јули.