Свет
9. March 2020 - 21:52

Француски министер позитивен на коронавирусот

Францускиот министер за култура Франк Ристер е заразен од новиот коронавирус, соопшти неговиот кабинет, додавајќи дека тој е во „добра форма“.

Министерот во моментот е дома, во Париз.

-Министерот е тестиран денеска и е позитивен, откако покажа симптоми, се вели во соопштението. Во минатата недела тој поминал повеќе денови во Парламентот каде се утврдени повеќе позитивни случаи.

Пет пратеници и двајца членови на персоналот на францускиот Парламент се заразени од коронавирусот. Двајца од пратниците учествувале на Комисија за култура, каде што присуствувал и министерот.

Во Франција потврдени се 1.412 случаи на коронавирусот, а умреа 25 луѓе.