„Француски филмски фестивал“ во Битола
Со изведба на комедијата „Не е мој тип“ на Лука Белво, вечер во Битола ќе биде отворен дводневниот „Француски филмски фестивал“, организиран од НУ Центар за култура -Битола и француската Алијанса од овој град.
На двете фестивалски вечери ќе бидат емитувани четири француски филмови за кои постои голем интерес.
- На свеченото отворање, вечер од 20 часот ќе биде емитувана комедијата „Не е мој тип“ на Лука Белво, во која настапуваат познатите актери Емили Дикен, Лоик Корбери и Сандра Нкак, додека во ноќната програма ќе биде емитуван францускиот трилер „Случајот СК-1“ на режисерот Фредерик Телие во кој настапуваат Рафаел Персоназ и Натали Бај, информираа од националната установа.
Културната манифестација „Француски филмски фестивал“ завршува утревечер со проекција на филмовите „Убавка и Себастијен“ во режија на Никола Вание и „Семејството Белие“ во режија на Ерик Лартиго, која низ градовите во Македонија се реализира од 14 јуни, а ќе заврши на 19 ноември.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море